evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Бод како планина против Исланд и осминафинале со Норвешка

исланд 1

Македонија – Исланд 27:27 (13:15)

Македонската ракометна репрезентација ремизираше со Исланд, 27:27 (13:15) и го освои третото место во групата Б на Светското првенство во Франција. Со тоа в сабота во осминафиналето ќе се сретне против Норвешка.

Македонија не можеше подобро да го почне мечот и со игра седум на шест во првите три минути направи серија 4:0, а и Кирил Колев на голот собра три интервенции. Сепак многу брзо почнавме да грешиме и Сигурдсон и другарите направија серија 5:0 за прво водство.

Червар забележа дека немаме решение за леворакиот Карасон, а во нападот пречесто грешиме и при 5:8 побара минута одмор. Реакцијата на нашиот тим ја донесе Кирил Лазаров со неколку врзани гола, како и добрата комуникација со кружните напаѓачи. При 11:12, Едвардсон го одбрани зицерот на Стоилов, а Сигурдсон фрли од својот на противничкиот гол за +2. Со таа инерцина заврши првото полувреме со 13:15 и поконстантно издание на исландскиот состав.

Почетокот на вториот дел донесе две технички грешки во комуникацијата на нашите бекови со кружниот напаѓач и Исланд првпат во мечот побегна на +4. Веќе стана загрижувачки кога Карасон го постигна шестиот гол за 15:20 во 37. минута.

Голем пех за нашиот тим беше повредата на Филип Миркуловски, кој во 41. минута мораше да ја напушти играта. По уште една техничка грешка, Елисон погоди на празен гол за високи 18:23. Следеше наша реакција, но по очигледна судиска грешка капитенот Лазаров заработи исклучување во 47. минута.

Георгиевски од крилна позиција израмни на 25:25 на четири минути до крајот и следеше вистинска драма. Капитенот Лазаров го комплетираше пресвртот со гол за 26:25 во 57. минута, но брзо вради Елисон за израмнување. Брзо погоди Талески, па возврати Карасонни со 27:27 се влезе во последната минута. Колев го одбрани последниот напад и со реми како победа го освоивме третото место во групата (27:27).

Најефикасни во нашата репрезентација беа Лазаров со 7 и Георгиевски со 6 гола, а Карасон ни даде 6 гола и беше најпозитивен меѓу Исланѓаните.

  • Hits: 105
  • Hits: 105
  • Hits: 112
  • Hits: 99
  • Hits: 95
  • Hits: 93
  • Hits: 94
  • Hits: 86
  • Hits: 95
  • Hits: 93
  • Hits: 95
  • Hits: 86
  • Hits: 94
  • Hits: 89
  • Hits: 93
  • Hits: 87
  • Hits: 89
  • Hits: 102