evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: Можеби овој висок пораз ќе донесе отрезнување

сло - мкд 3

Кирил Лазаров постигна девет гола во поразот на нашата репрезентација од Словенија со 29:22 (16:10). По мечот нашоиот капитен го анализираше поразот.

„Можеби е малку глупаво, но пораз е пораз, дали со еден дали со десет гола. Двата бода одат кај Словенија. Можеби е подобро што загубивме со голема разлика. Да се освестиме сега, тоа ни останува. Промашувавме зицери, дојдоа на осетна разлика Словенците, а ние бркавме резултат. Така го загубивме натпреварот. Можевме да парираме, но ете, им честитам. Но, ништо не е загубено, одиме напред, малку да се одмориме и да се смириме од се. Треба позитивно да гледаме на работите. Малку нè зафати македонската еуфорија. Најдоброто од нас уште не е покажано. Ние сме уште во игра за подобри резултати, има уште натпревари".

В среда Македонија се среќава со Шпанија во натпреварот од четвртото коло.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk