evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Словенија ги победи македонските ракометари и им го нанесе првиот пораз

slo - mkd kire

Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија со 29:22 (16:10) во мечот од третото коло од групата во Мец на Светското првенство во ракомет.

Мечот започна со егал игра, но Словенците почнаа грубо, на работ на дозволеното и во првите пет минути Миркуловски и Стоилов заработија удари, а противниците исклучувања. Нашата игра полека стана збркана и во 9. минута Словенците преку Мацковшек поведоа со +3.

Се разбрани голманот Скок, нашите технички грешки се зголемија и брзо резултатот беше +4. Червар побара минута одмор и почна со рискантниот систем седум против шест. Противникот максимално ги користеше нашите исфорсирани шутеви и грешки и со 3-4 лесни гола во 26 минута беше 14:8.

Словенците добро ја прочитаа напата игра и по голот на Мига Зарабец во последната секунда на полувреме се замина со 16:10. Вториот дел започна со гол на Дрогришки низ зоната на Словенците за 16:11. Сепак играта на Словенците ја рушеше нашата одбрана и голманот Трајковски и Габер во 37 минута погоди за 19:11. Червар внесе многу млади сили, но Скок со 14 одбрана го сопре Манасков при 21:13 во 44. минута.

Со многу рутина словенечката репрезентација го приведе мечот кон крај и со ротација на ракометарите Веселин Вујовиќ го доби натпреварот против Лино Червар со 29:22. Словенија ја забележа четврттата победа во петтиот официјален натпревар против нашата селекција. Во репрезентацијата на Словенија, Матевз Скок на голот собра 17 интервенции, а во одличниот колектив на Вујовиќ скоро сите ракометари постигнаа голови, Маргуч со 4 беше најефикасен. Кај Македонија прв стрелевц беше Кирил Лазаров со 9 постигнати гола.

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk