evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Германски судии ќе го водат натпреварот Словенија - Македонија

germanski sudii

ИХФ утрово ги одреди судиите кои ќе судат денес на натпреварите од СП во Франција. Германската судиска двојка Ларс Гајпел – Маркус Хелбиг, ќе ја дели правдата на денешниот дерби натпревар меѓу Македонија и Словенија што ќе се игра во 17.45 часот во Мец во рамките на третото коло од групата Б.

Добро е тоа што ИХФ за овој натпревар во кој се среќаваат две ербопски репрезентации се определи да делегира европски судии кои се со поголем квалитет од останатите.

Германците досега судеа на само еден натпревар во групата Б, тоа беше дуелот од второто коло меѓу Тунис и Шпанија, и според она што го видовме одлично ја вршеја работата.