hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија со пресврт го победи Тунис, Лазаров магичен

 sp-france17-rakomet-makedonija-tunis-12.01.2017-9511

Македонија - Тунис 34-30 (13:14)

Македонската ракометна репрезентација го победи Тунис со 34:30 во мечот од Б групата на Светското првенство во Мец.

Нашата репрезентација одлично го почна мечот и поведе со 2:0 во играта седум против шест. Селекторот Червар се одлучи за она што го вежбаа во Маврово и на дел од тест мечевите со БиХ и Македонија одлично му парираше на африканскиот вицешампион.

По период на четири израмнувања, следуваше првото туниско водство во 8 минута, па серијата на голови на нашите кружни напаѓачи за 10:10. Туниските голмани бранеа многу добро и Мисауи го прочита Манасков во зицер, а потоа му одбрани и на Нелоски.

Во финишот на првиот дел Филип Талески постигна два гола по ред, но Жалуз и Бангур на Тунис му донесоа минимална предност на полувреме (13:14).

kire tunis

Вториот дел започна лошо по нашиот национален тим, бидејќи примивме три гола, два на наш празен гол (15:18). Капитенот Лазаров со два гола во негов стил одговори, враќајќи ги нашиот морал. Неколку чудни судиски одлуки во 36. минута на Тунис му донесе највисоки +4, а и заради протести нашата клупа заработи исклучување.

deki tunis

Мечот доби на жестина, а Лазаров со нови два гола ја доближи нашата репрезентација до 19:21. Тунижаните почнаа да грешат и неколку пати по ред имавме игра со човек повеќе. Георгиевски реализира од крилна позиција за 23:24 на половина од вториот дел. Трајковски одбрани значајна топка, а Лазаров со 11 гол израмни на 27:27 на влезот во последните 10 минути од натпреварот. Кога Манасков погоди од контранапад Македонија првпат поведе во вториот дел (29:28). Истиот ракометар погоди од контра за +2 во 54 минута. Тунижаните загубија глава и Македонија погодуваше од сите позиции за +4 во 58. минута. Така без треперење го добивме мечот со 34:30 за први бодови на Мундијалот.

Кирил Лазаров со 12 и Стојанче Стоилов и Дејан Манасков со по 7 гола беа најефикасни во македонскиот табор.

  • Hits: 444
  • Hits: 412
  • Hits: 332
  • Hits: 343
  • Hits: 359
  • Hits: 295
  • Hits: 351
  • Hits: 374
  • Hits: 333
  • Hits: 368

Share