hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не смееме да си дозволиме да „изгориме“ во желбата

мец лазаров 1

Денес од 14.00 часот во арената во Мец, македонските ракометари го одработија последниот официјален тренинг воочи Светското првенство. Сите ракометари тренираа максимално, а селекторот Лино Червар потврди дека вечер ќе ги избере 16-те кои ќе влезат во официјалниот протокол за натпреварот против Тунис.

„Најважно е она што ќе се покаже на теренот, па можам да кажам дека сме добро подготвени и дека сме максимално мотивирани да сториме се за да ја израдуваме нацијата. Од нас секогаш се очекуваат најголеми дострели и најдобри резултати, а ние секогаш и се обидуваме да дојдеме до нив, но некогаш таквите очекувања знаат да бидат и нереални. Многу пати сме гореле во желбата да дојдеме до победа на некој значаен натпревар, па сега не смееме да си дозволиме такво нешто, мораме да играме смирено, интелигентно, да ја користиме секоја шанса што ќе ни се укаже", рече Лазаров.

Нашата селекција само еднаш се сретнала со Тунис на Светско првенство и се радуваше пред две години во Доха и тогаш на почетокот од групаната фаза.

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share