hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Положен првиот тест пред Мундијалот против БиХ

киро бих

Македонија – БиХ 28:24 (16:11)

Во првиот и единствен отворен тест пред заминување на Светското првенство во Франција, македонската ракометна репрезентација ја совлада БиХ со 28:24 (16:11).

Нашата селекција одлично го отвори натпреварот и покрај двата нереализирани седмерци, поведе со 6:2 со одлична игра на Лазаров и крилата. Нашата игра се брза и полетна, а Колев на почетокот и Трајковски на крајот од првиот дел беа добро заштитувани од мобилната одбрана.

Предноста на македонските ракометари денес облечени во бели дресови во 17 минута достигна 12:4 и Босанците делуваа целосно немоќни. Сепак Буриќ се разбрани, Карачиќ и Врањеш направија серија од 6:1 и момците на Билал Сарач се вратија до 14:10.

Сепак нашата добра ротација, влегувањето на Дрогришки и завршните голови на Кирил Лазаров ги донесоа комотни 16:11 на полувреме.

Вториот дел одлично го почна Митревски на голот, а Манасков и Стоилов донесоа +7. Кога капитенот Лазаров реализира седмерец во 37 минута, Македонија ги врати највисоките +8 (21:13). Заради приговор и пцовка кон судиите Малиновиќ заработи црвен картон во 40 минута.

Дојде до опуштање во нашиот табор и со серија 3:0, водена од Вегар, гостите намалија на 22:17. Нашиот подмладен тим дозволи серија 7:1, пред Стоилов од линијата да ја прекине со гол за 23:19. По серијата на технички грешки БиХ намали на 24:22 и Червар побара минута одмор во 51 минута. Нашата игра стана попостојана и успеавме дас го добиеме натпреварот со 28:24.

Во македонската репрезентација се истакнаа Манасков со 8 и Кирил Лазаров и Стoилов со по 5 гола, а кај БиХ најефикасни беа Вегар и Овчина со по 4 гола. Мечот одлично го водеа најдобрите судии во светот за 2016 година, Николов и Начевски.

Утре и во четврток двете репрезентации ќе одиграат уште два затворени пријателски натпревари.

 

ФОТО: Филип Вирановски – http://www.gol.mk/

Share