hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Заминуваме во Франција желни за успех

прес кире

Пред заминувањето на Светското првенство во Франција, македонската репрезентација денес одржа прес-конференција на која говореше и капитенот Кирил Лазаров.

„Веќе подолго време се подготвуваме за големиот настан за Македонија. Најзначајно е што сите сме здрави. Во секој случај во една мирна атмосфера и со голем ентузијазам ќе заминеме за Франција. Имаме промени во играта, ќе се прилагодуваме според противникот. Македонија е желна за ракомет, ние работиме вредно за да овозможиме уживање. Треба пред СП да се биде претпазлив во секоја изјава околу амбициите. Ова е една „нова Македонија". Јас сум бил млад и сум настапил на тие години во националниот тим, знам како е. Имаме зад нас доста искуство, но треба да бидеме внимателни на секој меч", вели Лазаров.

Нашата делегација вечерва патува за Франција, а ќе дебитира в четврток против Тунис.

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share