hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Најдобрата Македонија на Мундијалот го „распарчи“ бавниот Катар

mkd katar

Македонија - Катар 39:34 (21:17)

Македонската машка ракометна репрезентација во својот втор натпревар од главната фаза на Светското првенство славеше над Катар со 39:34 во Вараждин.

Нашите најдобри ракометари имаа само негатива на стартот од 1:0, но потоа го контролираше постепено водството одржувајќи голови разлика (3:1, 4:2), а во еден момент за прв пат стигнавме и до „плус три" (6:3). Противникот успеа да намали од негативата и се доближи на минус еден (7:6, 8:7), а нешто подоцна и да стигне до израмнување на 9:9, 10:10 и 11:11. Не дозволивме Катар да направи пресврт, повторно воспоставивме контрола одржувајќи два голови позитива (14:12, 15:13).

Следуваше најдобриот период на нашата селекција во првиот дел, зголемивме на 17:13, а за прв пат имавме и највисоки 20:14. До паузата Катарците намалија нешто од својата негатива и имавме 21:17 на семафорот. Македонија во добар ритам и во второто полувреме, не му дозволи на ривалот да се доближи резултатски.

На стартот беше само 22:20, а потоа одржувавме три-голови разлика (26:22, 27:23, 30:26). Доста сигурна беше играта на македонските ракометари, ја зголемивме позитива на пет голови (33:28), а повторно дојдовме до највисоките „плус шест" (36:30). До крајот рутински ја одбратувавме задачата и дојдовме до втората победа на ова СП.

Кај стрелците Пешевски и Кузмановски запишаа по шест голови, а Кизиќ запиша девет одбрани. По завршувањето на мечот Митев кој имаше пет голови од седум обиди беше прогласен за играч на мечот.

Share