hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Имаме идентитет, оваа Македонија многу брзо може да стане Норвешка

lazarov

Македонската репрезентација ќе има тешка група на претстојниот ракометен Мундијал во Полска, но селекторот Кире Лазаров уверен дека може да се вратат со добар резултат.

Во група со Македонија се уште и селекциите на Холандија, Норвешка и Аргентина, па сигурно дека секој натпревар, секој напад, секој гол ќе одлучува околу тоа кои репрезентации ќе патуваат понатаму.

„На почеток сме на едно големо натпреварување, СП во Полска и во Шведска. Зад нас се четири контролни натпревари со квалитетни ривали на кои имавме можност да ја темпираме формата и да се подготвиме за она што не очекува. Сакам да нагласам една работа, многу труд ентузијазам и борба вложивме за да дојдеме до ова СП, бидејќи во меѓувреме направивме смена на генерација и со обединети сили стигнавме до мундијалот. На момците треба да им се даде поддршка, ова беше напорна година за нив, бидејќи минавме два баражи против Романија и Чешка, се пласиравме на СП и дадовме шанса за оваа генерација да продолжи по стапките на нас повозрасните. За сето она што ссработено им се заблагодарувам на момците, кои заслужуваат пофалба за резултатите лани, но и да се даде охрабрување за предизвиците што се пред нив во Полска.

Она што е најважно, ние имаме свој идентитет во играта, што е тешко бидејќи низ годините секогаш игравме многу бавно и тоа беше еден наш заштитен знак. Не знам дали тоа ќе биде доволно да се победува или да се губи, но убеден сум дека сме на вистински пат. Во првото коло играме против Норвешка, јас од срце верувам дека за неколку години и ние ќе станеме Норвешка, селекција што игра скандинавски ракомет, со брз и препознатлив стил на игра", изјави Кирил Лазаров.

Првиот натпревар Македонија ќе го игра против репрезентацијата на Норвешка, тој натпревар се игра на 13 јануари, додека на 15 играме против Холандија, а на 17 против Аргентина.

Share