evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

ППД Загреб во три дена донесе два пивотмени

sablic 2

Во само два дена хрватскиот гигант, ППД Загреб доведе двајца нови кружни напаѓачи, со што ќе ги пополни заминувањата на Брозовиќ и Чориќ. Најнапред потпишаа со Тин Контрец од Вараждин, а вчера и со Станко Сабљиќ. 202 сантиметри високиот Сабљиќ, во својата кариера настапувал за екипите на Извиѓач, Слога Добој, Босна, Метковиќ и Борац Бања Лука, како и за германските Бергишер и Ерланген.

Повеќе...

Официјализиран трансферот на Карабатиќ во ПСЖ

karabatic official

Најдобриот ракометар на последниот мундијал.,Никола Карабатиќ го комплетираше трансферот во ПСЖ. Откако Барселона минатата седмица обелодени дека Карабатиќ самиот ја активирал клаузулата за раскин на договорот, вредна два милиони евра, брзо стигна официјализацијата и од францускиот табор.

Повеќе...

Контрец ќе го менува Брозовиќ во ППД Загреб

tin kontrec 2

Тин Контрец е најново засилување за екипата на ППД Загреб за Веселин Вујовиќ. По Марко Вукиќ, Јосип Шандрк, и Стефан Вујиќ, Контрец е четвртото засилување за хрватскиот првак.

Повеќе...

Татран го отпушти тренерот Петер Давид

peter david maj15 tasr

Словачкиот шампион Татран Прешов спогодбено го раскина договорот со тренерот Петер Давид. Под водство на Давид екипата од Прешов повторно ја освои титулата во Словачка и обезбеди настап во Лигата на шампионите. Минатата сезона Татран Прешив го освои петтото место во СЕХА лигата.

Повеќе...

Кристијанштад го доведе Џамали од Веспрем

Iman-Jamali650x433

Интернационалецот од Иран, кој во меѓувреме доби унгарски пасош, Иман Џамали од следната сезона ќе игра за шведскиот Кристијанштад. Левиот бек во две сезони носејќи го дресот на победникот на СЕХА лигата и европскиот вицешампион, Веспрем постигна 75 гола.

Повеќе...

Вајнхолд останува меѓу „зебрите„ до 2020 година

weinhold 2

Германскиот првак, Кил објави дека го продолжи договорот со десниот бек Стефан Вајнхолд. За него се интересираа клубови надвор од Германија, но тој сепак реши да ја продолжи кариерата во Кил, каде дојде пред 12 месеци од Флензбург.

Повеќе...

Челица го напушти Загреб за да мине во Ајзенах

celica 770853s1

28 годишниот репрезентативец на БиХ, Душко Челица го напушти хрватскиот шампион, ППД Загреб и во следната сезона ќе игар во Германија за бундеслигашот, Ајзенах. Тренерот Велимир Петковиќ инсистрираше да пристигне Челица, бидејќи подеднакво добро игра и во одбраната и во нападот. Челица остана запаметен по голот од половина терен во мечот од Лигата на шампионите, ППД Загреб - Натурхаус Ла Роха.

Повеќе...

Пуерто Сагунто ангажираше кубански ветеран за новата сезона

corzo 1

34 годишниот кубански интернационалец, Гиљермо Корзо се враќа во ASOBAL лигата и во идната сезона ќе го облече дресот на Пуерто Сагунто. Искусниот ракометар кој може да игра на сите три бековски позиции, ќе му помогне на својата нова екипа и со играта во одбрана, бидејќи Пуерто Сагунто со 954 примени гола беше најлошиот одбранбен тим во шпанската лига минатата сезона.

Повеќе...

Кил и Гумерсбах ќе ја отворат бундеслигашката сезона

thw-kiel-gummersbach-600

Новата сезона во најсилната ракометна лига во светот, германската Бундеслига ќе започне на 23 август на „Вестфален хале„ арената во Дортмунд, каде многу веројатно сите 12.500 билети ќе бидат распродадени. 50 сезона на Бундеслигата ќе ја отворат двете најтрофејни екипи во историјата, со тоа што „зебрите„ како актуелни шампиони се во улога на големи фаворити.

Повеќе...

Житников потпиша за Висла Плок

zitnikov 2

Полскиот вицешампион и учесник во Лигата на шампионите, Висла Плок ќе претрпи многу измени во играчкиот кадар за сезоната 2015/16. Така по заминувањата на Јуркиевич (Киелце), Тиуменцев (Мешков Брест) и Сипрзак (Барселона), тимот на Маноло Каденас почнува со довдување на нивните замени.

Повеќе...

 google StoreIconAmazon