evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Илиќ се пензионира од српската репрезентација!

momir ilic 5

Србија нема да може да смета на најдобриот свој ракометар, Момир Илиќ кој одлучи да им го отстапи местото на помладите. По повеќе од една деценија играње за репрезентацијата на Србија, Момир Илиќ реши да се откаже од националниот дрес, објавуваат српските медиуми.

Повеќе...

Ведран Зрниќ се врати во Хрватската лига

vedran zrnic

Бившиот хрватскиот репрезентативец Ведран Зрниќ по повеќе од една деценија се враќа во хрватскиот клубски ракомет, со потпишувањето на договорот со вицешампионот Нексе од Нашице. По сезони минати во Словенија, Германија и Турција каде до минатата сезона настапуваше за Бешикташ, десното крило Зрниќ се враќа во татковината и во наредните две сезони ќе ги брани боите на Нексе.

Повеќе...

„Галските петли„ јуниорски светски прваци

france junior94 gold

Француската јуниорска репрезентација стана светски првак на мундијалот во Бразил, откако во финалето ја довлада Данска со 26:24, по водство во текот на целиот натпревар. По европската титула освоена минатата година во Австрија, сега „триколорите„ слават и на светско ниво.

Повеќе...

Жељко Муса претставен во Магдебург

musa 3

Хрватскиот реперзентативен кружен напаѓач, Жељко Муса официјално беше претставен во неговиот нов клуб, германскиот Магдебург. Постојаниот прогрес на овој славен германски клуб ги привлече и ракометарите од ранготна Муса, кој во наредните две сезони ќе го носи зелениот дрес.

Повеќе...

Растворцев се договори со Војводина

FLP 4332

Алексеј Растворцев кариерата ќе ја продолжи во редовите на Војводина од Нови Сад, пренесуваaт српските медиуми. 36 годишниот Растворцев во тимот доаѓа како замена за Урош Елезовиќ кој се пресели во катарска Лахвија.

Повеќе...

Хрватскиот талент Денис Тот потпиша за Адемар Леон

denis tot 1

20 годишниот хрватски талент, Денис Тот во идната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот ASOBAL лигаш, Адемар Леон. Десниот бек потпиша договор на две сезони и ќе биде вистинско освежување за позицијата десен бек во тимот од северна Шпанија.

Повеќе...

Џорџе Чирковиќ на клупата на Констанца

sp-cirkovic

Српскиот млад тренер кој на Војводина му донесе две титули во последните три сезони, Џорџе Чирковиќ, ја напушта екипата од Нови Сад и во иднина ќе ја води романската Констанца. Чирковиќ ќе биде замена за Звонко Шундовски, кој се пресели во вицешампионот Букурешт.

Повеќе...

Јоаким Ларсон си замина од Гумерсбах за да мине во Минден

larson 2

И покрај тоа што се најавуваше дека ќе остане уште една година да го испочитува договорот, Јоаким Ларсон само што се јави на стартот на подготовките со Гумерсбах, веднаш го раскина договорот. Клубот на официјалната веб страница потврди дека ракометарот е слободен да ја побара својата нова средина и му се заблагодари за досегашниот ангажман.

Повеќе...

Лопез по втор пат ги скина лигаментите

mario lopez 2

Голем малер за Адемар Леон уште на почетокот на подготовките во новата сезона. Марио Лопез ги повреди лигаментите од коленото на десната нога и ќе мора на операционен зафат. Целиот процес на рекуперација ќе го оддалечи цели шест месеци од ракометните терени.

Повеќе...

„Лавовите„ брзо ги заменија Мирол и Ландин со Баена и Станиќ

rafael baena 2

Рајн Ловен Некар брзо пронајде замена за норвежанецот Бјарте Мирол. Тој од август ќе игра за данскиот Скјерн, а негова замена е шпанецот Рафаел Баена. Тој доаѓа од екипата на Пуенте Хенил, а во ASOBAL лигата настапуваше уште за Антекуера и Адемар Леон. Еден краток период ги бранеше боите и наКретеј во францускиот шампионат.

Повеќе...