evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

ВИДЕО: Кил ја продолжи „жетвата„ на трофеи во германскиот ракомет

kil superkup

Кил го освои германскиот Супер куп и продолжи со „жетвата„ на трофеи во Германскиот ракомет. Во мечот за титулата во „Порше Арената„ во Штутгарт, „зебрите„ го совладаа Куп победникот Флензбург со 27:26 (12:14) и ја освоија деветата титула во ова натпреварување. Јунак на првакот на Германија беше токму бившиот ракометар на Флензбург, Штефан Вајнхолд кој со гол во последната секунда, го направи Кил победник во неизвесното финале.

Повеќе...

Доленец до 2019 година во Монпеље

dolenec 2

Францускиот вицешампион, Монпеље ги обезбеди услугите на словенечкиот репрезентативец Јуре Доленец, кој ќе ги брани боите на оваа екипа до јуни 2019 година. По две титули во шампионатот на својата земја, Доленец во 2013 година од Горење Велење се пресели во Монпеље.

Повеќе...

Почнува германската ракометна сезона со Кил како прв фаворит

kil champion

Вечерва со мечот за Суперкуп титулата помеѓу шампионот Кил и победникот на Купот, Флензбург официјално почнува новата германска ракометна сезона, која за време на викендот беше најавена со првата рунда од националниот Куп. За време на овој викенд со првото коло почнува и најсилното национално првенство во Европа, оваа година со двајца македонски ракометари, Филип Миркуловски и Ацо Јоноски.

Повеќе...

Веспрем тренира ватерполо, подготвувајќи се за новата сезона

vaterpolo vezprem 1

Во склоп на подготовките за новата сезона, екипата на Веспрем практикува несекојдневен вид на тренинзи. Денес момците на Ортега тренираа ватерполо. Овој спорт има голема традиција во Унгарија и служеше како релаксација меѓу секејодневните тренинзи и турнирски натпревари.

Повеќе...

Шамбери и Обрван немоќни против новиот ПСЖ

psg rakomet

Новиот ПСЖ веднаш ја покажа својата сила и најави дека оваа година може да излезе подалеку од националните титули и да се закани и во Лигата на шампионите. Екипата на Звонимир Сердарушиќ е победник на турнирот во Гренобл, откако во финалето на убедлив начин ја совлада екипата на Шамбери каде тренер е македонскиот селектор, Ивица Обрван со 28:19.

Повеќе...

Долга пауза за леворакиот Стефан Терзиќ

terzic 2

Малерозниот Стефан Терзиќ не го дочека дебито во дресот на Натурхаус Ла Роха, а веќе сериозно се повреди и цела сезона 2015/16 ќе биде надвор од ракометните терени. Бившиот ракометар на Хамбург и Вардар ги скина вкрстените лигаменти од коленото на светското младинско првенство во Бразил, носејќи го дресот на Србија.

Повеќе...

Мамелунд се договори со Кил

Erlend Mamelund 687865i

Според норвешкиот телевизиски канал ТВ2, изборот на Кил за најново засилување на бековските позиции е Норвежанецот Ерленд Мамелунд од екипата на Хаслум.

Повеќе...

Гисласон до 2019 година на клупата на Кил

alfred-gislason-plant-die

Тренерот на актуелниот првак на Германија, Алфред Гисласон го продолжи договорот со Кил до 2019 година. Исланѓанецот е на прагот ако го испочитувадоговорот да стане тренер со најдолг стаж во историјата на „зебрите„. Тој пристигна во северна Германија во 2009 година и во овој период од 6 години освои исто толку германски првенства, а 2 пати се радуваше и на трофејот од Лигата на шампионите и 4 пати го освојуваше Купот на Германија.

Повеќе...

Вражалиќ му пристапи на Фуксе Берлин

vrazalic 2

Босанскиот интернационалец Фарук Вражалиќ и официјално е нов член на победникот ЕХФ Купот, Фуксе Берлин. Левичарот доаѓа од Балингем, а настапуваше и за Ајзенах во германскиот шампионат, а во ASOBAL лигата имаше забележителни настапи за Адемар Леон.

Повеќе...

Ал Шабаб е новиот клуб на Клемен Цехте

Klemen-Cehte-odhaja-v-Katar

Словенечкиот репрезентативец, Клемен Цехте во наредните две сезони ќе го носи дресот на најдобрата екипа од ОАЕ, Ал Шабаб. Левиот бек го напушти францускиот ПАУК и ќе настапува за Ал Шабаб. Ова не е прво искуство надвор од Европа за Цехте, кој една сезона мина во Катар.

Повеќе...

apple google StoreIconAmazon