evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

По три години, Киелце не победи во полската лига

kielce -pogon

По 58 победи во серија во полскиот шампионат, што е повеќе од две сезони, шампионот на оваа земја Киелце е сопрен од тимот на Погон Шчечин. Тимот воден од шпанскиот стратег Tалант Душебаев, загуби бод на гостувањето во Шчечин против Погон играјќи 27:27 (13:15).

Повеќе...

Суперкупот на Словенија за Цеље Пивоварна Лашко

celje supercopa

Цеље Пивоварна Лашко е освојувач на Суперкупот на Словенија, откако во Порторож во интересен и до крај неизвесен натпревар го совлада Горење Велење со 29:27 (15:11). Иако Цеље Пивоварна Лашко го контролираше резултатот во најголемиот дел од мечот, сепак Горење влезе во последните 5 минути со предност од +2.

Повеќе...

Бојиновиќ се врати во матичниот клуб

bojinovic 2

38 годишниот поранешен југословенски и српски репрезенттаивец, Младен Бојиновиќ во новата сезона ќе настапува за неговиот матичен клуб,Борац Бања Лука во БиХ. Пред 21 година токму од овој клуб, Бојиновиќ се пресели во Јагодина и Партизан, па скоро две децении настапуваше низ најсилните европски лиги. Адемар Леон, Бидасоа, Барселона, Монпеље и ПСЖ се клубовите во кои настапуваше во текот на кариерата.

Повеќе...

Киелце го „блиндира„ Душебаев до 2019 година

talant-Dujshebaev

Бившиот тренер на Кирил Лазаров од периодот минат во Атлетико Мадрид, Талант Душебаев го продолжи договорот со полскиот првак Киелце и ќе остане до 2019 година во овој клуб. Душебаев имаше важечки договор до 2017 година, но реши да стави потпис на новиот договор, кој клубот му го понуди непосредно пред пријателскиот меч против Пари Сен Жермен.

Повеќе...

Малерот на Гребиј продолжува: Скинати лигаменти и 6 месеци пауза

f9392

Францускиот вицешампион Монпеље до следната година ќе биде без еден од своите најдобри ракометари во тимот, Матје Гребиј. Младиот француски репрезентативец се здоби со тешка повреда на еден од подготвителните турнири пред почетокот на сезоната. Гребиј има скинат преден вкрстен лигамент на левото колено што е втора сериозна повреда за неполна година за левиот бек.

Повеќе...

Белорускиот првак Мешков Брест го освои својот турнир во Белорусија

meshkov brest 2

Мешков Брест го освои меѓународниот турнир во Белорусија каде овој клуб е организатор и главен фаворит. На турнирот ова лето учествуваа екипите на Мешков Брест, Висла Плок, Ст. Петербург и на Азоти Пулава. Во финалето Мешков Брест ја совлада екипата на Висла Плок на тренерот Маноло Каденас, со резултат 24:22 (12:13).

Повеќе...

ППД Загреб го освои турнирот „Стириан хандбал„ во Грац

ppd zagreb 2

Хрватскиот шампион и вицешампионот на СЕХА лигата, Загреб го освои првиот турнир во подготвителниот период оваа сезона. Ракометарите на Веселин Вујовиќ го освоија турнирот "Стириан Хандбал" во австрискиот град Грац, а во финалето беа подобри од словенечкиот претставник Марибор Браник, кого го совлада со резултат 29:23 (15:11).

Повеќе...

Веспрем го освои Стразбур, Шамбери на Обрван последен

momir ilic 66

Европскиот вицешампион Веспрем е победник на интернационалниот турнир во Стразбур, кој важи за подготовка пред стартот на националните првенства и Лигата на шампионите. Унгарскиот тим воден од шпанецот Ортега во финалето го совлада ПСЖ со 32:31 (17.14). Мечот го следеа 5475 гледачи, а двете екипи се менуваа во водство повеќе од 5 пати во мечот. Имаше и дури 7 израмнувања, што покажува колку се играше израмнето.

Повеќе...

Колдинг го одбрани трофејот од Суперкупот на Данска

Skjern-KIF Kolding  961229y

Првакот на Данска, екипата на Колдинг новата сезона во која е фаворит во број еден за одбраната на титулата, ја започна со трофеј од Суперкупот на својата земја. Тимот од Копенхаген го совлада Скјерн со 23:22 (11:13) со златниот гол на Ласе Андерсон на неколку секунди до крајот. По израмнетотопрво полувреме, во кое почесто водеа ракометарите на Скјерн, клучен во продолжението беше ветеранот Каспер Сондергард.

Повеќе...

Франција е светски шампион во ракомет и меѓу кадетите

france svetski kadetski

Франција е нов светски шампион во кадетска конкуренција, откако претходно беше најдобра и меѓу сениорите и младинците. „Галските петли„ во финалето на мундијалот во рускиот град Екатеринбург ја словладаа Словенија со 33:26. Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Исланд, која во мечот за третото место славеше против Шпанија со 26:22.

Повеќе...