evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

ПСЖ прими 39 гола во поразот во Флензбург, една третина од нив им даде Егерт

flensburg - psg 2

Во А групата на Лигата на шампионите, ПСЖ е прегазен од екипата на Флензбург во Германија. Германците водеа во текот на целата средба, а конечниот резултат од 39:32 (21:16) е разочарувачки за најбогатиот клуб на светот и за екипата во која прва виолина е најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ.

Повеќе...

Втора година по ред „зебрите„ поразени во Загреб

horvat-1

Ракометарите на ППД Загреб со победа стартуваа во А групата, во Лигата на шампионите. Во првиот меч од оваа група, тимот на Веселин Вујовиќ го декласираше Кил со 29:27 (13:11). Хрватскиот шампион на стартот во новата сезона го повтори минато сезонскиот успех кога славеше над Кил, но за разлика од лани, во четвртокот, Загреб беше убедлив против бундеслигашкиот шампион.

Повеќе...

Романецот Опреа потпиша за Кил

oprea 1

Четврто пласираната екипа минатата сезона во Лигата на шампионите, Кил ангажира нов ракометар на левата крилна позиција. Договорен е потписот на Драгош Опреа до крајот на сезоната и има право да настапува за Кил во сите натпреварувања, па и во Европа.

Повеќе...

Кристанштад го доби скандинавското дерби на стартот од Лигата на шампионите

kristanstad 12

Скандинавското дерби помеѓу Кристијанштад и Колдинг Копенхаген го означи стартот на новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Натпреварот се одигра во рамките на Б групата, а заврши со убедлива победа на Кристијанштад од 33:26.

Повеќе...

Катар го задржа трофејниот Ривера до 2020 година

rivera 2

Најтрофејниот ракометен тренер во историјата, Валеро Ривера го продолжи договорот со катарската ракометна федерација до 2020 година. Неговиот ангажман беше поврзан со договор до 2016 година и Олимпијадата во Рио де Жанеиро, но сега ќе има задача да ја подготви катарската репрезентација и за следните Олимписки игри во 2020 во Токио.

Повеќе...

Омбрадос го собори рекордот на ASOBAL лигата

ombrados 5

Бившиот клубски другар на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид и на Дејан Манасков во Вецлар, Хозе Хавиер Омбрадос го собори рекордот по бројот на натпревари во шпанската ASOBAL лигата. Имено тој ова лето се врати во татковината по сезони минати во Катар и Германија и застана на голот на Гвадалахара. Во вчерашното реми во мадридското предградие, помеѓу Гвадалахара и Адемар Леон (25:25), Омбрадос имаше 17 интервенции, вклучувајќи и 1 седмерец.

Повеќе...

Врањеш доби нов договор во Фленсбург

vranjes 22

Шведскиот стручњак, Љубомир Врањеш го продолжи договорот со бундеслигашот, Фленсбург до 2020 година. Врањеш во Фленсбург дојде во 2006 година како играч и одигра 108 натпревари во кои постигна 169 гола. Од сезона 2008/09 стана помошник тренер во клубот, за потоа една година да работи како спортски директор.

Повеќе...

Шафхаузен го освои својот осми Суперкуп на Швајцарија

shafhausen r 2

Според очекувањата, Кадетен Шафхаузен го освои швајцарскиот Суперкуп во ракомет. Фаворитот ја совлада екипата на Винтертур со 30:21 (15:11). Најдобри во составот на Шафхаузен беа Линигер со 6 и унгарецот Часар со 5 гола, а се истакна и голманот од Австрија, Мариновиќ, кој собра 15 удари.

Повеќе...

Изработена заштитна маска за лицето на Никола Карабатиќ

zastitna maska karabatic

Никола Карабатиќ се повреди на мечот со Сент Рафаел во рамките на финалето на „Трофејот на шампионите„ за Суперкуп титулата на Франција. Му настрада јаболчна коска на лицето по сударот со Адриан Ди Панда. Вчерашните лекарски консултации утврдија дека нема да има потреба од оперативен зафат и дека најдобриот француски ракометар е многу подобро.

Повеќе...

ПСЖ го освои Суперкупот, но плати прескапа цена за тоа

superku na francija 2

Бившиот соиграч на Кирил Лазаров од двете сезони минати во Барселона, Никола Карабатиќ заработи сериозна повреда на лицето на мечот синоќа против Сент Рафаел во рамките на финалето од „Трофејот на шампионите" кој е турнир за Суперкупот на Франција. Никола има скршеница на десната јаболчна коска по стартот на Адриен Дипанда. Неофицијалната дијагноза предвидува пауза од 3 до 6 седмици, иако во случајот на франзуцинот може да се врати и нешто порано.

Повеќе...