evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Гигу си заминува од Монпеље и се сели во Бундеслигата?

gigu 32

По цела вечност од 17 години, легендарниот капитен на Монпеље и стандарден репрезентативец на Франција, Мишел Гигу најави дека ќе ја смени средината. Преговорите за нов договор одат тешко и тој веднаш побарал од неговиот агент да му побара нов клуб за следната сезона.

Повеќе...

Швалб ќе биде наследникот на Ортега?

shwalb 1

Деновиве раководството на Веспрем ќе го објави името на новиот тренер Според пишувањето на некои медиуми во Германија, и одредени унгарски портали, поранешниот тренер на Хамбург, Мартин Швалб е најсериозен кандидат за тренерската функција во Веспрем.

Повеќе...

Хедин доби нов договор во Брегенц

hedin 2

Шведскиот тренер Роберт Хедин го договори продолжувањето на договорот со австрискиот Брегенц. Тој најнапред дојде како советник, а потоа стана тренер, на кого сега управата комплетно му верува. По одличната прва сезона, Хедин ќе остане во Австрија до 2017 година.

Повеќе...

Наџи се здоби со скршеница, ќе отсуствува два месеци

nagy 4

Ветеранот и капитенот на Веспрем, Ласло Наџи, поради фрактура на раката ќе отсуствува од тимот во наредните два месеци. Десниот бек ја повредил шутерската рака во дуелот со Тобијас Карлсон, на саботниот меч помеѓу Веспрем и Фленсбург (28:24). Европскиот вицешампион, Веспрем во наредниот период на десната бековска позиција ќе го има само германскиот интернационалец Кристијан Цајс.

Повеќе...

Генсхајмер заминува од Рајн Ловен Некер, нареден негов клуб ќе биде ПСЖ

uwe 3

Францускиот шампион ПСЖ од следната сезона ќе биде посилен за Уве Генсхајмер, долгогодишниот ракометар на Рајн Ловен Некар. Генсхајмер реши да го напушти неговиот матичен по 11 години верност. „Одлуката да го напуштам Рајн Ловен Некар беше дефинитивно најтешката во целата моја кариера. Сите знаат колку ми значи клубот, како човек кој се родил во Манхајм. Тешко ми беше да замислам да преминам во друг германски клуб.

Повеќе...

Гепингем го обезбеди Прост на својот гол до 2018 година

prost  6

Словенечкиот репрезентативен голман, Примож Прост го продолжи договорот со Гепингем до 2018 година. Искусниот голман,кој дојде од Монпеље во Бундеслигата, имаше тековен договор до 2016 година, но го продолжи за уште две сезони.

Повеќе...

ПСЖ го доведе Штафан Олсон за „десна рака“ на Сердарушиќ

stafan olson 3

Легендарниот скандинавски ракометар, Штафан Олсон од денес е нов помошник на Звонимир Сердарушиќ на клупата на францускиот шампион, ПСЖ. 51 годишниот селектор на Шведска (заедно со Ола Линдгрен) денес потпиша двегодишен договор со раковоството на клубот од Париз.

Повеќе...

Страдаа вкрстените лигаменти на Андерс Захариасон

1442857142 gettyimages-487121924

Кружниот напаѓач на Флензбур, Андерс Захариасон се здоби со сериозна повреда на саботната средба против ПСЖ. Швеѓанецот се повреди при постигнување на еден гол противпрвакот на Франција, а направената магнетна резонанца покажа дека се работи за скинати вкрстени лигаменти на коленото.

Повеќе...

Реинкинд меѓу „лавовите„ до 2019 година

reindkind 2

Норвешкиот интернационалец кој настапува во Рајн Ловен Некер, Харалд Реинкинд го продолжи договорот со германскиот вицешампион до 2019 година. Ракометарот кој дојде од Филинген од норвешката лига и веднаш се вклопи во тимот на Јакобсен, 23 годишниот ракометар истакна дека е презадоволен што доби долгорочен договор со Рајн Ловен Некер.

Повеќе...

По ремито во Полска, Веспрем му врачи отказ на Карлос Ортега

carlos ortega1

Антонио Карлос Ортега на големо изненадување на ракометната јавност, доби отказ од тренерското место во европскиот вицешампион Веспрем.. По ремито со Висла (27:27), иако Веспрем, скоро цел меч водеше, а на крајот остана на бод, раководството на клубот се одлучи за овој радикален потег.

Повеќе...