evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Египет го доби Мундијалот во 2021, а Полска и Шведска коорганизатори во 2023 година

ihf 2

На денешниот конгрес во Сочи, Русија IHF ги избра земјите кои ќе бидат домаќини на светските шампионати во ракомет за мажи во 2021 и во 2023 година. Египет ќе биде наследник на Данска и Германија кои ќе го организираат мундијалот во 2019 година, додека Светското првенство во 2023 година ќе се одржи во две европски земји, Полска и Шведска.

Повеќе...

Пастор во ПИК Сегед до 2019 година

pastor 3

Унгарскиот вицешампион, ПИК Сегед ја осигура сигурната тренерска рака за уште четири сезони. Шпанскиот тренер, Хуан Карлос Пастор и неговиот асистент Марко Кривокапиќ, добија нови договори. Во ПИК Сегед дојдоа во 2013 година, а денеска и двајцата ги продолжија своите договори и ќе останат во Сегед барем до 2019 година.

Повеќе...

Волф на голот на Кил од 2017 година

wolf 1

Младиот талент, Андреас Волф од 1 Јули 2017 година ќе стане ракометар на Кил. Голманот на Вецлар, 24 годишниот германски репрезентативец, Андреас Волф денес потпиша тригодишен договор со многукратниот германски шампион Кил. До тогаш завршување на шампионатот 2016/17, Волф ќе продолжи да го одработува договорот со Вецлар.

Повеќе...

Ниокас успешно опериран, го пропушта европското првенство во Полска

niokas 2

Франција ќе биде ослабенa на eвропското првенство во Полска, откако беше објавено дека Кевин Нијокас нема да биде во комбинација кај селекторот Клод Онеста ниту на собирот во декември, ниту на првенството. Нијокас вчера беше опериран во Лион.

Повеќе...

Француското супер-дерби за Монпеље

monoj

Вицешампионот Монпеље му го нанесе првиот пораз на лидерот во француската лига, ПСЖ на Нока Сердарушиќ. Домаќините со минимални 32:31(15:14) ги покажаа своите вредности и ги одржаа шансите за освојување на шампионската титула. Баптист Бонефонд беше првото име на овој дуел, откако постигна седум гола, а го следеше аргентинецот Диего Симонет со пет погодоци.

Повеќе...

Бојиновиќ не може без Франција: Потпиша договор со Трембле на 38 години

bojinovic 33

Само два месеци траеше епизодата во матичниот Борац Бања Лука на српскиот ветеран Младен Бојиновиќ. 38 годишниот бек се враќа во француската лига, во дресот на Трембле.

Повеќе...

Добриевое Марковиќ потпиша краткорочен договор со ППД Загреб

markovic dobrievoe

Бившиот српски интернационалец, Дибривое Марковиќ потпиша договор со хрватскиот шампион ППД Загреб. Марковиќ по заминувањето од Вардар беше без клупски ангажман, па беше изненаден од поканата на Вујовиќ.

Повеќе...

Магдебург потпиша со Кристијансен како замена за Натек

mads kristiansen 2

29 годишниот дански интернационалец, Мадс Кристијансен од наредната сезона ќе го облече дресот на бундеслигашот Магдебург. Левиот бек на Силкеборг, успеа да ги договори сите детали со црвено-зелените и ќе биде замена за Јуре Натек, кој од следната сезона заминува во пензија.

Повеќе...

Монпеље и Гигу сепак се договорија: Нов договор за ветеранот на уште пет години

gigu 2

Иако деновиве се шпекулираше дека љубовта меѓу Мишел Гигу и неговиот клуб Монпеље ќе заврши следното лето, сепак денес стигна потврда на пресврт во преговорите. 33 годишното крило, кое е дел од сите национални репрезентации на Франција, доби договор до 2021 година.

Повеќе...

Абало во дресот на ПСЖ уште три сезони

abalo 2

Десното крило на ПСЖ и француската ракометна репрезентација, Лук Абало останува во клубот од главниот град на Франција уште во следните три сезони. Тој го продолжи својот договор со „светците" до јуни 2019 година. Абало во ПСЖ дојде во 2012 година и е во одлична форма, по повредата на препоните минатата сезона.

Повеќе...

apple google StoreIconAmazon