evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант потпиша со Доминик Клајн од Кил

dominik klajn 1

Доминик Клајн вчера и официјално објави дека нема да продолжи соработката со Кил. По една деценија искусното крило одлучи да ја смени средината и за прв пат да настапи во друга лига. Нант и француската лига ќе биде следната дестинација за Клајн, а тоа ќе боде негово прво интернационално искуство.

Повеќе...

Хрватот Дувњак во Кил до 2020 година

duvnjak1

Домагој Дувњак го продолжи договорот со првакот на Германија, Кил до 2020 година. Хрватот во Кил пристигна од Хамбург откако ја освои Лигата на шампоните пред две сезони, а претходно играше во Загреб.

Повеќе...

Катар е азиски првак, Словенија во олимписки квалификации, блиску е и Македонија!

qatar handball

Катар успеа да го освои азиското ракометно првенство, откако во финалето во „Духаил арената" го совлада Иран со 28:19 и на тој начин директно се пласира на ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио.

Повеќе...

Флензбург подобар од Висла и израмнет на врвот со ПСЖ

flensburg - wisla

Првиот натпревар од деветтото коло од ракометната Лига на шампионите одигран синоќа, заврши со триумф на германскиот Флензбург над Висла од Полска со 27:25 (13:11). Најефикасен на дуелот беше играчот на Фленсбург Расмус Лауге Шмит со 11 голови.

Повеќе...

Симонет има изместен прст и ќе паузира шест недели

simonet 1

Францускиот вицешампион, Монпеље во наредните шест недели ќе мора да се справи со противниците без аргентинскиот интернационалец, Клод Симонет. Тој го повреди прстот на мечот со Трембле и чувствуваше голема болка веднаш по дуелот со противничката одбрана. Лекарската служба на клубот одлучи да му даде неколку слободни дена, а потоа да утврди како ќе заздравува.

Повеќе...

Гудмунсон од Хановер мина во Кристанштад

gudmunson 1

Исландскиот интернационалец, Олафур Гудмунсон го напушти бундеслигашот Хановер и се приклучи во првакот на Шведска, Кристанштад. Ова е враќање на Гудмунсон во клубот во кој настапуваше до пред две сезони.

Повеќе...

Ненадиќ прифати да игра за Србија на ЕУРО 2016

nenadic 4

По Дарко Станиќ и Жарко Шешум, предводникот на Србите, Дејан Периќ успеа да ги обезбеди услугите и на најдобриот стрелец во Бундеслигата, Петар Ненади од Фуксе Берлин. Овој бек досега има постигнато 99 гола во најсилната лигата на светот и сигурно ќе биде огромно засилување за нашиот северен сосед на престојниот шампионат.

Повеќе...

Засилувања од сништата на катарскиот Ел Џаиш

el djais zasiluvanja

Богатиот катарски клуб, Ел Џаиш денес се пофали со своите три засилувања за тековната сезона. Се работи за проверени имиња и сегашни или поранешни репрезентативци на своите земји.

Повеќе...

Голем пех за „коцкестите“: Степанчиќ го пропушта ЕУРО 2016?

stepancic 32

Хрватскиот ракометар Лука Степанчиќ поради повреда може да го пропушти ЕП во ракомет кое се игра во јануари. Степанчиќ при еден дуел на синоќешниот меч како покосен падна на паркетот и со болна гримаса беше изнесен од теренот, а лекарите велат дека му настрадале предните вкрстени лигаменти.

Повеќе...

Ветeранот Доминиковиќ, нов соиграч на Јоноски во Балинген

dominikovic 2

Германскиот Балинген, каде настапува македонскиот интернационалец, Ацо Јоноски, доведе искусно име во борбата за опстанок во Бундеслигата. 37 годишниот хрватски интернационалец, Давор Доминиковиќ официјално беше претставен во новата екипа.

Повеќе...