hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ортега стана јапонски селектор и тренер на Колдинг

ortega

Откако изненадувачки беше сменет по само два порази од клупата на унгарскиот и СЕХА шампионот, Веспрем, Антонио Карлос Ортега доби неколку примамливи понуди, но дури сега на крајот од годината прифати две од нив. Најнапред Ортега потпиша краткотраен двомесечен договор со јапонската ракометна федерација и ќе ги води Јапонците на азискиот шампионат, кој ќе се одржи од 15. до 28. јануари 2016 година. Тој е веќе во Унгарија каде се подготвува со јапонските ракометари.

Штом заврши првенството Ортега се сели во Данска. Стратегот ќе го преземе првакот на Данска, Колдинг Копенхаген, кој пред неколку дена го отпушти Хенрик Кронборг. Ортега потпиша договор до 2019 година, а Колдинг е без шанси за втората фаза на Лигата на шампионите.

Share