hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Бомбач од следната сезона се сели во Киелце

bombac 1

Средниот бек Деан Бомбач е ново засилување за екипата на Киелце. Оваа радосна вест за навивачите на полскиот шампион ја објави сопственикот на клубот Бертуш Серва. Ракометарот кој настапува за унгарскиот Пик Сегед, во Киелце ќе се пресели на крајот од оваа натпреварувачка сезона.

Со ова продолжува традицијата на словенечки ракометари на тимот од Полска, со оглед на тоа што долги години заштитен знак на екипата е ветеранот Урош Зорман. Во тековната сезона во Лигата на шампиони, Бомбач со 73 постигнати гола е на второто место на зад Данецот Микел Хансен, кој 75 пати се запиша во листата на стрелците.

Share