hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Веспрем и Илиќ заедно до 2019 година

ilicm

Српскиот интернационалец и најдобар стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона, Момир Илиќ го продолжи договорот со европскиот вицешампион, Веспрем до 2019 година. Тој во Унгарија пристигна пред две години од германскиот Кил и е клучен човек во традиционалниот унгарски клуб, во кој своевременио играше и нашиот Кирил Лазаров.

Токму со него се бореа за првото место на листата на стрелците минатата сезона, а Србинот беше за неколку гола поуспешен. За сметка на тоа, Лазаров кој се повреди во финалето, стана европски првак. И оваа година веројатно им престои голема борба, а Илиќ се надева дека до истекот на договорот ќе стане европски првак со Веспрем. Левиот бек нема да настапи на европскот првенство во Полска заради приватни причини.

Share