hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватот Дувњак во Кил до 2020 година

duvnjak1

Домагој Дувњак го продолжи договорот со првакот на Германија, Кил до 2020 година. Хрватот во Кил пристигна од Хамбург откако ја освои Лигата на шампоните пред две сезони, а претходно играше во Загреб.

„Сакам да ве известам дека го продолжив договорот до 2020 година. Вие навивачите сте една од причините што решив да го продолжам договорот. Се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу титули", вели Дувњак во видео пораката.
„Зебрите" оваа сезона играат далеку под очекувањата во Лигата на шампионите, каде во девет одиграни натпревари веќе има забележано четири порази и во конкуренција на Веспрем, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Висла, Цеље и Бешикташ се наоѓаат на четвртото место на табелета во А групата. Ништо подобар Кил не е ниту во Бундеслигата, каде се наоѓа на третото место со 12 победи и три порази.

Share