hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Флензбург подобар од Висла и израмнет на врвот со ПСЖ

flensburg - wisla

Првиот натпревар од деветтото коло од ракометната Лига на шампионите одигран синоќа, заврши со триумф на германскиот Флензбург над Висла од Полска со 27:25 (13:11). Најефикасен на дуелот беше играчот на Фленсбург Расмус Лауге Шмит со 11 голови.

Тој дојде од Кил ова лето и игра како препороден во новиот дрес. Со оваа победа, но и натпревар повеќе, Флензбург се изедначи на врвот на табелата на групата А со лидерот ПСЖ од Франција со по 14 бодови.

Share