hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Симонет има изместен прст и ќе паузира шест недели

simonet 1

Францускиот вицешампион, Монпеље во наредните шест недели ќе мора да се справи со противниците без аргентинскиот интернационалец, Клод Симонет. Тој го повреди прстот на мечот со Трембле и чувствуваше голема болка веднаш по дуелот со противничката одбрана. Лекарската служба на клубот одлучи да му даде неколку слободни дена, а потоа да утврди како ќе заздравува.

Сепак, прогнозите велат дека за Симонет ракометната 2015 година е завршена. Со ова продолжуваат грижите на оваа екипа, која претходно имаше проблеми со подолгите паузи на Кавтичник и Гигу. Минатата сезона Монпеље во претпоследното коло ја загуби титулата во францускиот шампионат, за да ја освои ПСЖ. Оваа сезона, Монпеље веќе го доби дербито со „светците" и по 10 натпревари има 15 бода, еден помалку од водечкиот ПСЖ, кој има и натпревар помалку.

Share