hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гудмунсон од Хановер мина во Кристанштад

gudmunson 1

Исландскиот интернационалец, Олафур Гудмунсон го напушти бундеслигашот Хановер и се приклучи во првакот на Шведска, Кристанштад. Ова е враќање на Гудмунсон во клубот во кој настапуваше до пред две сезони.

Откако имаше скромна прва сезона, минатата година човекот кој има 59 настапи за репрезентацијата на Исланд, играше многу подобро. Но шансата да настапува во Лигата на шампионите за клубот од јужна Шведска, не сакаше да ја пропушти. Гудмунсон потпиша договор на две и пол сезони со лидерот во шведското првенство.

Share