hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Монпеље и Гигу сепак се договорија: Нов договор за ветеранот на уште пет години

gigu 2

Иако деновиве се шпекулираше дека љубовта меѓу Мишел Гигу и неговиот клуб Монпеље ќе заврши следното лето, сепак денес стигна потврда на пресврт во преговорите. 33 годишното крило, кое е дел од сите национални репрезентации на Франција, доби договор до 2021 година.

Човекот кој освои 10 шампионати на Франција, во Монпеље дојде во 2002 година и планира да ја заврши кариерата во овој клуб. Се зборуваше дека ќе замине во Германија, во Рајн Ловен Некер од следното лето, како замена за Генсхајмер, но Монпеље ја смени одлуката. Ако го испочитува овој договор до крај, Гигу ќе стане ракометар со најдолг стаж во историјата на клубот.

Share