hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Јуркиевич го пропушта европското првенство?

jurkievic 2

Нов малер за репрезентацијата на Полска во пресрет на шампионатот на Европа, кој ќе се одржи токму во оваа земја во јануари следната година. Имено, бившиот соиграч на Кирил Лазаров од периодот минат во Атлетико Мадрид, Мариуш Јуркиевич, најверојатно ќе го пропушти големиот собир. Левиот бек на Киелце има дополнителни компликации со повредата на коленото и е во големо исчекување. Јуркевич имаше операција на лигаментите на левото коленото, но во периодот на рехабилитацијата доби воспаление што донесе дополнителни компликации.

Јуркиевич во средината на ноември требаше да се врати во тренинзите на Киелце, но поради воспалението, неговото враќање е одложено. Времето ќе покаже има ли шанси полскиот „бомбардер" да биде дел од Европското првенство или не.

Share