hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Страдаше менискусот од коленото на најдобриот лански стрелец во ASOBAL

barcelona-buscara-final-copa-ante-puente-genil-1431604408237

ASOBAL лигашот, Анхел Хименез, кој е нареден противник на Барселона во натпревар за бодови, ќе мора да се снаоѓа 30-40 дена без најдобриот клубски стрелец, Хуан Антонио Васкез. Тој го повреди коленото во Логроњо, во натпреварот од шестото коло против Натурхаус Ла Роха, кој неговата екипа го загуби со 37:31.

Се очекува деновиве да биде опериран менискусот на коленото и заради тоа ќе пропушти 5-6 натпревари од шпанското првенство. Иако не изгледаше така сериозно, судирот со Алберто Вал остави последици врз коленото на најдобриот стрелец на екипата од Пуенто Хенил. Васкез заедно со Гиљерме Фернандез се најдобри клубски голгетери со 29 гола на шест одиграни натпревари. Минатата сезона со 216 гола, Васкез беше прв стрелец во шпанската ASOBAL лига.

Share