hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Валтер си заминува од Баја Маре?

walter 1

Својата последна средба романскиот првак, Баја Маре ја одигра без својот дански тренер Ларс Валтер, кој замина со семејството во Данска. Според информациите на романскиот "Про Спорт", Валтер е вознемирен и од посетата на обвинителите во клубот, како и од целата ситуација, по големата афера што го тресе Букурешт.

Валтер му даде на клубот рок до вторник, а ако и по тој рок не се расчисти задолжувањето тој веќе нема намера да се врати на своето работно место. Во меѓувреме екипата ја води неговиот помошник Петру Поп. По овие настани дури се шпекулира дека Баја Маре ќе ги повлече своите две екипи од машката и од женската Лиги на шампионите.

Share