hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гигу си заминува од Монпеље и се сели во Бундеслигата?

gigu 32

По цела вечност од 17 години, легендарниот капитен на Монпеље и стандарден репрезентативец на Франција, Мишел Гигу најави дека ќе ја смени средината. Преговорите за нов договор одат тешко и тој веднаш побарал од неговиот агент да му побара нов клуб за следната сезона.

Гигу би можел да го замени Уве Генсхајмер на левата крилна позиција во екипата на Рајн-Некар Левен, бидејќи Германецот на лето заминува за ПСЖ. Гигу со Монпеље десет пати беше шампион на Франција и еднаш на Европа, а со својата репрезентација освои три златни медали на Европските и Светските првенства и две злата на Олимписките игри.

Share