hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Генсхајмер заминува од Рајн Ловен Некер, нареден негов клуб ќе биде ПСЖ

uwe 3

Францускиот шампион ПСЖ од следната сезона ќе биде посилен за Уве Генсхајмер, долгогодишниот ракометар на Рајн Ловен Некар. Генсхајмер реши да го напушти неговиот матичен по 11 години верност. „Одлуката да го напуштам Рајн Ловен Некар беше дефинитивно најтешката во целата моја кариера. Сите знаат колку ми значи клубот, како човек кој се родил во Манхајм. Тешко ми беше да замислам да преминам во друг германски клуб.

По долго размислување дојдов до заклучок дека сакам да пробам нешто ново во кариерата и затоа сега е вистинското време за трансфер во странство. До крајот на сезоната ќе продолжам да ги спроведувам моите обврски кон „лавовите". Имаме фантастичен тим и големи шанси за титулата оваа година. Би било најубавото нешто во животот да се збогувам со титула„ изјави 28 годишниот Генсхајмер. Сѐ уште не се познати деталите за договорот и колкава сума тој достигнал.

Share