hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ го доведе Штафан Олсон за „десна рака“ на Сердарушиќ

stafan olson 3

Легендарниот скандинавски ракометар, Штафан Олсон од денес е нов помошник на Звонимир Сердарушиќ на клупата на францускиот шампион, ПСЖ. 51 годишниот селектор на Шведска (заедно со Ола Линдгрен) денес потпиша двегодишен договор со раковоството на клубот од Париз.

Пријателскиот однос меѓу Сердарушиќ и Олсон трае одамна, уште од играчката кариера, бидејќи Сердарушиќ му беше тренер на Олсон додека и двајцата беа дел од екипата на Кил од 1996 до 2003 години. Олсон паралелно ќе ја предводи и репрезентацијата на Шведска, чиј селектор е од 2008 година. Договорот со сребрената селекција од последните Олимписки игри го врзува до јуни 2016 година.

Share