hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар го задржа трофејниот Ривера до 2020 година

rivera 2

Најтрофејниот ракометен тренер во историјата, Валеро Ривера го продолжи договорот со катарската ракометна федерација до 2020 година. Неговиот ангажман беше поврзан со договор до 2016 година и Олимпијадата во Рио де Жанеиро, но сега ќе има задача да ја подготви катарската репрезентација и за следните Олимписки игри во 2020 во Токио.

Ривера, кој е роден во Сарагоза, има шест титули во Лигата на шампионите и една светска репрезентативна со селекцијата на Шпанија, го продолжува амбициозниот ракометен проект на Катар, со која освои сребро на мундијалот во јануари оваа година во Доха.

Share