hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Омбрадос го собори рекордот на ASOBAL лигата

ombrados 5

Бившиот клубски другар на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид и на Дејан Манасков во Вецлар, Хозе Хавиер Омбрадос го собори рекордот по бројот на натпревари во шпанската ASOBAL лигата. Имено тој ова лето се врати во татковината по сезони минати во Катар и Германија и застана на голот на Гвадалахара. Во вчерашното реми во мадридското предградие, помеѓу Гвадалахара и Адемар Леон (25:25), Омбрадос имаше 17 интервенции, вклучувајќи и 1 седмерец.

Но за одбележување е настапот број 607 во шпанската најсилна ракометна категорија на Омбрадос, со што стана ракометар со најмногу настапи. 43 годишниот голман во кариерата овие 607 настапи ги распореди меѓу Атлетико Мадрид, Кантабрија, Теукро, Адемар Леон, Портланд Сан Антонио, Сиудад Реал и сега Гвадалахара. Омбрадос 4 пати ја освојувал шпанската ASOBAL лига, 4 пати Купот на Кралот, 6 пати ASOBAL Купот и 2 пати ASOBAL Суперкупот.

Share