hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ го освои Суперкупот, но плати прескапа цена за тоа

superku na francija 2

Бившиот соиграч на Кирил Лазаров од двете сезони минати во Барселона, Никола Карабатиќ заработи сериозна повреда на лицето на мечот синоќа против Сент Рафаел во рамките на финалето од „Трофејот на шампионите" кој е турнир за Суперкупот на Франција. Никола има скршеница на десната јаболчна коска по стартот на Адриен Дипанда. Неофицијалната дијагноза предвидува пауза од 3 до 6 седмици, иако во случајот на франзуцинот може да се врати и нешто порано.

superkup na francija 2

Заради оваа повреда во втор план мина освојувањето на првата титула на ПСЖ под водство на Звонимир Сердарушиќ со триумфот од 29:27 (14:13). Омејер имаше 13 одбрани, а Микел Хансен блескаше со 11 гола (7 од седмерец). Во поразениот тим на Сент Рафаел, Сашето постигна 9 гола (5 од седмерец), а Шимицу погоди 6 пати.

Share