hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Малерот на Гребиј продолжува: Скинати лигаменти и 6 месеци пауза

f9392

Францускиот вицешампион Монпеље до следната година ќе биде без еден од своите најдобри ракометари во тимот, Матје Гребиј. Младиот француски репрезентативец се здоби со тешка повреда на еден од подготвителните турнири пред почетокот на сезоната. Гребиј има скинат преден вкрстен лигамент на левото колено што е втора сериозна повреда за неполна година за левиот бек.

Гребиј на Мундијалот во Катар, доживеа сериозна повреда на рамото и пропушти голем дел од сезоната. Сега тој најверојатно нема да се појави на Европското првенство во Полска во јануари 2016 година, а ќе пропушти и повеќе од половина од натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

Share