hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Белорускиот првак Мешков Брест го освои својот турнир во Белорусија

meshkov brest 2

Мешков Брест го освои меѓународниот турнир во Белорусија каде овој клуб е организатор и главен фаворит. На турнирот ова лето учествуваа екипите на Мешков Брест, Висла Плок, Ст. Петербург и на Азоти Пулава. Во финалето Мешков Брест ја совлада екипата на Висла Плок на тренерот Маноло Каденас, со резултат 24:22 (12:13).

За најдобри играчи на турнирот беа избрани дури четворица ракометари, по еден од секоја екипа, а од победничката екипа за најдобар беше избран Павел Атман. Овој турнир во 2013 година го освои и Вардар, а по пет години слави домаќинот. Наградниот фонд изнесуваше 11000 евра, а од нив 5000 за првопласираниот тим.

Share