hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Веспрем го освои Стразбур, Шамбери на Обрван последен

momir ilic 66

Европскиот вицешампион Веспрем е победник на интернационалниот турнир во Стразбур, кој важи за подготовка пред стартот на националните првенства и Лигата на шампионите. Унгарскиот тим воден од шпанецот Ортега во финалето го совлада ПСЖ со 32:31 (17.14). Мечот го следеа 5475 гледачи, а двете екипи се менуваа во водство повеќе од 5 пати во мечот. Имаше и дури 7 израмнувања, што покажува колку се играше израмнето.

Во мечот за третото место, Монпеље го совлада Шафхаузен со 38:26 (19:11). Петтото место му припадна на Натурхаус Ла Роха, која иако последна почна со подготовки успеа да го совлада Шамбери на македонскиот селектор, Ивица Обрван со 34:31 по изведувањето на седмерци, откако мечот во регуларниот тек заврши 30:30, а на полувреме французите водеа со 17

Share