hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Колдинг го одбрани трофејот од Суперкупот на Данска

Skjern-KIF Kolding  961229y

Првакот на Данска, екипата на Колдинг новата сезона во која е фаворит во број еден за одбраната на титулата, ја започна со трофеј од Суперкупот на својата земја. Тимот од Копенхаген го совлада Скјерн со 23:22 (11:13) со златниот гол на Ласе Андерсон на неколку секунди до крајот. По израмнетотопрво полувреме, во кое почесто водеа ракометарите на Скјерн, клучен во продолжението беше ветеранот Каспер Сондергард.

Репрезентативецот најнапрд постигна два гола за 18:14, а потоа погоди и за 22:20. Маркус Олсон го врати тимот на Скјерн во мечот, но голманот Клеверли и ветеранот Бо Спелербег пак донесоа +2 за првакот. По головите на Јакобсон за Скјерн, на финалето на Суперкупот му се закануваше реми и седмерци. Но на 4 секунди до крајот со голот на Андерсон, шампионот Колдинг стигна до победа и прв трофеј во сезоната (23:22).

Share