hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Кил ја продолжи „жетвата„ на трофеи во германскиот ракомет

kil superkup

Кил го освои германскиот Супер куп и продолжи со „жетвата„ на трофеи во Германскиот ракомет. Во мечот за титулата во „Порше Арената„ во Штутгарт, „зебрите„ го совладаа Куп победникот Флензбург со 27:26 (12:14) и ја освоија деветата титула во ова натпреварување. Јунак на првакот на Германија беше токму бившиот ракометар на Флензбург, Штефан Вајнхолд кој со гол во последната секунда, го направи Кил победник во неизвесното финале.

Победничкиот пехар го подигна новиот капитен на Кил, Рене Тофт Хансен, кој ја наследи капитенската лента по преселбата на Филип Јиха во Барселона. Шампионатот на Германија почнува в сабота, а Кил веќе седум години е првак во најсилната лига во светот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share