hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гисласон до 2019 година на клупата на Кил

alfred-gislason-plant-die

Тренерот на актуелниот првак на Германија, Алфред Гисласон го продолжи договорот со Кил до 2019 година. Исланѓанецот е на прагот ако го испочитувадоговорот да стане тренер со најдолг стаж во историјата на „зебрите„. Тој пристигна во северна Германија во 2009 година и во овој период од 6 години освои исто толку германски првенства, а 2 пати се радуваше и на трофејот од Лигата на шампионите и 4 пати го освојуваше Купот на Германија.

Претходно договорот го врзуваше Гисласон во 30 јуни 2017 година, но клубот верува во 55 годишниот стручњак и веднаш му понуди продолжување на соработката. Пред да дојде во Кил, Гисласон работеше во Гумерсбах.

Share