hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ППД Загреб во три дена донесе два пивотмени

sablic 2

Во само два дена хрватскиот гигант, ППД Загреб доведе двајца нови кружни напаѓачи, со што ќе ги пополни заминувањата на Брозовиќ и Чориќ. Најнапред потпишаа со Тин Контрец од Вараждин, а вчера и со Станко Сабљиќ. 202 сантиметри високиот Сабљиќ, во својата кариера настапувал за екипите на Извиѓач, Слога Добој, Босна, Метковиќ и Борац Бања Лука, како и за германските Бергишер и Ерланген.

Тој потпиша едногодишен договор, а претходно екипата која ја води Вујовиќ ја засилија уште Стефан Вујиќ, Марко Вукиќ, Јосип Шандрк и Тин Контрец.

Share