hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Челица го напушти Загреб за да мине во Ајзенах

celica 770853s1

28 годишниот репрезентативец на БиХ, Душко Челица го напушти хрватскиот шампион, ППД Загреб и во следната сезона ќе игар во Германија за бундеслигашот, Ајзенах. Тренерот Велимир Петковиќ инсистрираше да пристигне Челица, бидејќи подеднакво добро игра и во одбраната и во нападот. Челица остана запаметен по голот од половина терен во мечот од Лигата на шампионите, ППД Загреб - Натурхаус Ла Роха.

Овој ракометар кариерата ја започна во Козара, настапуваше за Цимос Копер, Марибор Браник, Босна, Сесон Рен, Селестад, два клуба од Катар и еден од ОАЕ и за ППД Загреб. За својата репрезентација одигра 35 меча, почнувајќи од 2011 година.

Share