hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пуерто Сагунто ангажираше кубански ветеран за новата сезона

corzo 1

34 годишниот кубански интернационалец, Гиљермо Корзо се враќа во ASOBAL лигата и во идната сезона ќе го облече дресот на Пуерто Сагунто. Искусниот ракометар кој може да игра на сите три бековски позиции, ќе му помогне на својата нова екипа и со играта во одбрана, бидејќи Пуерто Сагунто со 954 примени гола беше најлошиот одбранбен тим во шпанската лига минатата сезона.

Корзо доаѓа како слободен ракометар од романската Стеауа, а во Шпанија настапуваше и за Ваљадолид.

Share