hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Вецлар е следната дестинација на Балиќ

balic veclar

Еден од најдобрите ракометари во светот Ивано Балиќ својата кариера ќе ја продолжи во бундеслигашот Вецлар. Балиќ претходно имаше понуди од нашиот Вардар и белорускиот Брест Мешков, но реши да се проба во најсилната светска ракометна лига.

Во тимот на Вецлар, Балиќ ќе го замени босанскиот плејмејкер Аднан Хармандиќ кој го скрши прстот и ќе биде надвор од теренот до крајот на 2013. година. Во својата кариера Балиќ играше за Метковиќ, Портланд Сан Антонио, Загреб и Атлетико Мадрид. Два пати беше избран за најдобар светски играч, а со националниот тим беше светски и олимписки шампион.

Share