hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Овче Поле - Свети Николе

РК Овче поле е формиран во 1957 година. rk-ovce-poleОвој македoнски прволигаш доаѓа од малото место Свети Николе и низ Европа е главно познат како матичен клуб на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров. Како 13-14 годишно момче Лазаров настапуваше во младинскиот погон на РК Овче поле под водство на неговиот татко и на Јанев како тренерски тандем.

Неговите неспорни квалитети ги демонстрираше на позицијата десно крило, на која играше во првите години од неговата кариера. Како член на својот матичен клуб Лазаров настапи на првата манифестација бранејќи ги боите на Македонија. Во Израел против домашната селекција на 20 август 1994 година со само 14 години дебитира на Европското првенство за јуниори, играјќи со неколку години повозрасни момчиња.

kire - ovce pole
„Мојот татко беше ракометар и е најзаслужен што сум тука и што почнав да се занимавам со овој спорт.Од раното детство одев со него на гостувања. За мене секогаш се бараше место во автобус, па тргнував со него низ целата земја. Мојот пет години помлад брат Филип и јас многу повеќе се плашевме од него одколку од мајка ми. Во принцип не ни паѓаше на ум да му противречиме. Она што тој ќе каже е "закон"„ ќе рече Лазаров за неговите почетоци во Овче Поле и односот со неговито татко.


Од Овче Поле за кратко време (мина три сезони во младинските категории) е забележан од најдобрите македонски клубови. По првите чекори минати во матичниот клуб, Лазаров минува во Борец од Велес, во годината кога овој клуб стана национален првак.

И денес Лазаров е во одлични односи со својот РК Овче поле, често го помага и ги следи настапите во Првата македонска лига на клубот од неговото родно Свети Николе.
Share