hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

26.12. 2012 Нова Македонија

nova makedonija

Играчките амплитуди мораме да ги намалиме

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров од денеска ќе биде заедно со преостанатите играчи во Пореч, кои се подготвуваат за претстојното Светско првенство (СП), кое од 11 до 27 јануари ќе се одржи во Шпанија. Леворакиот бомбардер очекува и во Шпанија, Македонија да мине добро, како што беше пред четири години во Хрватска, но пред сѐ да се настапи без повредени играчи.

 „Пред сѐ посакувам да бидеме сите здрави, бидејќи имаме 4-5, да ги наречам „капиталци" во репрезентацијата, па секое отсуство на еден од нив секако дека многу ќе се почувствува. Секој пласман подобар од 11-то место, кое го освоивме на СП во Хрватска, за мене би претставувало голем успех. А за да успееме во оваа намера, тогаш секој натпревар треба да го сфатиме како последен, без разлика дали играме со Катар, Чиле или со Франција и од првата минута да одиме на победа. Со други зборови, не смееме да си дозволиме опуштање, бидејќи го немаме тој квалитет, како некои репрезентации, па да можеме кога сакаме да ја креваме формата„ вели Лазаров. Капитенот на репрезентацијата е свесен дека на ова СП треба да се биде реален, со оглед на квалитетот на преостанатите селекции-учеснички.

nova makedonija intervju

„Не можеме да се носиме со големите ракометни сили, како што се Франција, Данска, Русија..., бидејќи тие имаат поголем избор на играчи отколку ние. Но, од друга страна, ова има и добра страна за нас, бидејќи конкуренцијата за репрезентативниот дрес станува и поголема. Сепак, во иднина би било подобро овој избор на репрезентативци да се зголеми до 40, така што и на селекторот би му било полесно„ вели Лазаров.


Погледнете го интервјуто во интегрално издание на:

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12261285242&id=22&prilog=0&setIzdanie=22765

Share