hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

05.02.2018 Sport1.mk

kiresport11

Десетина дена по завршувањето на Европското првенство во Хрватска и 11. место на македонската репрезентација, капитенот на нашит национален тим, Кирил Лазаров во интервју за Sport1 го анализираше шампионатот, постигнатото и пропуштеното и се осврна на иднината.

Тешко е да се најде адекватен збор и реална оценка за нашиот настап на ЕП. Уште пред почетокот на првенството го нарековме „специјално првенство", со оглед на близината на Македонија до домаќинот и очекуваната поддршка од нашите навивачи, кои секако ни додадоа дополнителна енергија во обидите да оствариме историски резултат. Да, испуштивме историска шанса, која што ја заслуживме со екстра квалитетен прв круг и пренесени три бода, со промашен зицер за победа со Германија, со што ќе беа и четири пренесени, па потоа со една победа во втор круг ќе имавме сигурно полуфинале...Но, тоа е што би било кога би било. Можам да истакнам дека на ова ЕП имаше повеќе позитивни работи, отколку негативни и никако не треба да бидеме незадоволни од целокупната ситуација", смета Лазаров.

24820764577 5ea085a8cf o

Потоа нашиот репрезентативен капитен се осврна на иднината и настапите за дресот со државниот грб.

„Чувствувам дека уште сум ѝ потребен на оваа репрезентација. Таа постоела пред да станам нејзин член, ќе постои и по моето заминување. Меѓутоа, не сакам оваа Македонија да ја направи истата грешка што ја направи генерацијата на Манасков. Се опростија пред време од репрезентативниот дрес, иако се уште беа во врвна форма и нè оставија нас помладите сами да се бориме за пласман на големо натпреварување. Тој пост без големо натпреварување траеше од 2000 до 2009 година. Девет години без големо натпреварување е долг период и ние уште го плаќаме тој данок. На младите ќе оставиме цврста база, која само ќе треба да ја надградуваат. Ракометот е национален спорт и таков треба да остане", заврши Лазаров.

Комплетното интревју можете да го прочитате ТУКА:

Share