08.12.2012 Sportnet.hr
Ова е најсилната Лига на шампиони од постоењето
Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров денес говореше за хрватскиот спортски портал „Спортнет„ каде детално се осврна на сите ракометни теми кои го засегаат. Лазаров и натаму е омилен во Хрватска, па често го контактираат новинари од оваа земја. Ви пренесуваме дел од интервјуто, во кој нашиот капитен говори за неговиот клуб Атлетико Мадрид и македонската репрезентација. Ви го нудиме и интегралното интервју на хрватскиот портал.
"Почнавме неочекувано предобро со освојувањето на Супер глоб во Катар, кога станавме светски клубски шампиони. Сепак тоа не излажа за момент, па мислевме дека и со големи промени сме подобри од кога било досега. Иако до тогаш никој од нас тоа не го рече јавно, реално тоа минуваше низ нашите глави " ни откри за почетокот на разговорот десниот бек на репрезентацијата на Македонија. Во последното коло од Лигата на шампионите тимот на Атлетико без четири од нивните клучни играчи играше одлично кај европскиот првак Кил, но ремито во Сарагоса во националното првенство ве спушти на второто место, што не е баш охрабрувачки пред пристигнувањето на Барселона во „Висталегре„: "По успехот во Катар направивме голем број неуспеси и лоши настапи, особено во Лигата на шампионите, а речиси секој натпревар во ASOBAL лигата имавме проблеми и против секој противник тешко доаѓавме до резултат. За Лигата на шампионите не е премногу доцна и ќе има можност да поправиме, јас сум убеден во тоа, но ремито со Арагон навистина може да не чини. Сепак сезоната е долга и полека стануваме се поубедени и веруваме во екипата која што ја имаме„ заврши Лазаров.

Лазаров говореше и за овогодинешното издание на Лигата на шампионите, кое е најсилно во историјата, за неговиот тренер Талант Душебаев, кого исклучително го цени и за хрватската репрезентација, која и натаму многу ја почитува и следи.
Погледнете го интервјуто во интегрално издание на:
http://www.hrsport.net/vijesti/452038/rukomet-spanjolska/lazarov-igra-se-najjaca-liga-prvaka-od-njenog-osnutka-to-je-odlicno-za-sam-rukomet/