hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

26.12.2017 Prastanjeuspeha.rs

naslovna kire 20171226 173410

Најдобриот македонски ракометар и прв стрелец на последното Светско првенство во Франција, Кирил Лазаров во интервју за „prastanjeuspeha.rs" говореше за текот на неговата кариера, за искуството во Франција и очекувањата од Европското првенство во Хрватска.

Издвојуваме дел од темите на интервјуто:

- За ракометот и љубовта кон оваа игра:

„Заљубен сум во спортот и во ракометот. Тоа е она што ме мотивира во мојата кариера. Имам свои цели кои сакам да ги остварам и оваа година. Концентрацијата ми е насочена кон француската лига и Лигата на шампионите. Имаме добра група на ракометари, не смееш да се опуштиш ни еден ден. Ако тоа го направиш, веќе заостануваш".

- За развојниот пат на неговата кариера:

„Некако одев чекор по чекор во мојата кариера. Играв и уживав во животот, научив многу јазици. Секогаш бев таму каде што ми беше најубаво, мене и на моето семејство. Секаде ме носеше срцето. Тоа се искуства кои не може да се купат со пари. Но, кога дојдов во Шпанија кај Талант Душебаев во Сиудад Реал, како да се рестартирав. Шпанскиот ракомет ми легна, а исто така и начинот на живот".

- За Македонија и македонскиот ракомет:

„Ја обожавам Македонија. Да се носи дресот на својата земја ме прави бескрајно горд. Првпат настапив во 1997 година, се наближуваат 20 години од моето деби. Потрошив многу време и енергија во овие години, но секогаш гордо стоев на мојата химна како капитен – и во добри и во лошо. Во Македонија живеат добри луѓе, кои некогаш се малку поеуфорични, а тогаш и очекувањата се големи. Тоа е преголема одговорност, но сите вие години добро се носам со тоа и не жал за ништо".

- За Европското првенство во Хрватска:

„Треба да одиме чекор по чекор. Шанса ќе ни се укаже, а дали ќе ја искористиме, ќе видиме. Успехот тешко се простува, а некои чекаат и ваша најситна грешка, за да ликувајќи, те оспорат. Ќе ни треба памет, психологија, енергија... бидејќи Европското првенство е потешко од Светското", заврши најдобриот македонски ракометар.

Комплетното интервју може да го прочитате ТУКА:

Десниот бек на Нант од вчера е со останатите репрезентативци во Скопје, каде под водство на Раул Гонзалез, нашиот национален тим се подготвува за групата во Загреб за Европското првенство во Хрватска.